• Грипот претставува многу контагиозно, акутно заразно заболување, причинето од вирусот на грип кое го зафаќа респираторниот систем, најчесто ждрелото, носот, дишните патишта и понекогаш белите дробови.
  • Може да ги афектира луѓето во сите возрасни групи, а симптомите започнуваат брзо и ненадејно. • Oва заболување најчесто се појавува како спорадична инфекција (поединечни случаи), но многу почесто грипот може да се види во облик на локални епидемии или големи пандемии.
  • Се јавува во скоро сите делови на светот, во текот на целата година, обично бројот на заболените лица се зголемува и се концентрира во месеците со голема релативна влажност.
  • Заболувањето настанува експлозивно, често со минимални или никакви предупредувања, бројот на заболените лица се зголемува драматично во текот на краток временски период.
  • Eпидемиите се краткотрајни, траат со денови или недели, а може да имаат повеќе сукцесивни бранови кои што траат со недели и месеци.
НАЗАД