СЛИЧНОСТИ:
Луѓето со поголем ризик од компликации или кои биле хоспитализирани поради КОВИД-19 или грип треба да добијат помошна медицинска нега за ублажување на симптомите и компликациите.

РАЗЛИКИ:
Грип
Антивирусни лекови се одобрени од регулаторни тела за лекување на грип. На луѓето кои се хоспитализирани со грип или кои се изложени на зголемен ризик од компликации и имаат симптоми на грип им се препорачува да се лекуваат со антивирусни лекови што е можно поскоро по почетокот на болеста.
КОВИД-19
Постојат водичи изработени од релевантни светски институции за третман на КОВИД-19, кои редовно се ажурираат кога се појавуваат нови докази за опциите за третман.

Регулаторното тело во САД (FDA) одобри еден лек, remdesivir (Veklury®), за третман на КОВИД-19.

НАЗАД