СЛИЧНОСТИ:
Кај двете болести (КОВИД-19 и грип) можат да се јават следниве компликации:

  • Пневмонија
  • Респираторна инсуфициенција
  • Акутен респираторен дистрес синдром (течност во белите дробови) • Сепса (загрозувачка по живот болест предизвикана од екстремниот одговор на телото на инфекција)
  • Срцеви проблеми (на пример, срцев удар и мозочен удар)
  • Инсуфициенција на повеќе органи (респираторна инсуфициенција, бубрежна инсуфициенција, шок)
  • Влошување на коморбидитети (вклучувајќи ги белите дробови, срцето или нервниот систем или дијабетес)
  • Воспаление на срцето, мозокот или мускулните ткива
  • Секундарни инфекции (бактериски или габични инфекции кои можат да се појават кај луѓе кои веќе биле заразени со грип или КОВИД-19)

РАЗЛИКИ:
Грип
Повеќето луѓе кои заболуваат од грип сами ќе се опорават за неколку дена до две недели, но некои луѓе ќе доживеат тешки компликации кои бараат хоспитализација. Некои од овие компликации се наведени погоре. Секундарните бактериски инфекции се почести кај грип отколку кај СОВИД-19.

Дијареата е почеста кај малите деца со грип отколку кај возрасните со грип.

КОВИД-19
Дополнителни компликации поврзани со КОВИД-19:

  • Згрутчување на крвта во вените и артериите на белите дробови, срцето, нозете или мозокот
  • Мултисистемски воспалителен синдром кај деца (MIS-C) и кај возрасни (MIS-A)

Пост-КОВИД состојбите се низа симптоми кои може да траат со недели или месеци по првото заразување со SARS-CoV-2 или може да се појават неколку недели по заразувањето. Продолжен КОВИД може да му се случи на секој што имал КОВИД-19, дури и ако болеста била лесна или ако немале симптоми.

НАЗАД