СЛИЧНОСТИ:
За двете болести (КОВИД-19 и грип), можно е да се шири вирусот најмалку еден ден пред да се појават какви било симптоми.
РАЗЛИКИ:
Ако некое лице има КОВИД-19, може да биде заразно подолго време во споредба со лице кое има грип.
Грип
Повеќето луѓе со грип се заразни околу еден ден пред појавата на симптоми. Постарите деца и возрасните со грип се најзаразни во првите 3-4 дена од нивната болест, но многу луѓе остануваат заразни околу 7 дена. Доенчињата и луѓето со ослабен имунолошки систем можат да бидат заразни уште подолго.
КОВИД-19
Колку долго некој може да го шири SARS-CoV-2 сè уште се проучува. Еве што знаеме од студиите на претходните варијанти, заклучно со Delta варијантата:
Овие информации се од студии на претходни варијанти. Има уште многу да се научи за новите варијанти, вклучувајќи го и Omicron. ИЈЗ ќе ги сподели наодите од тековните студии веднаш штом ќе бидат достапни.
