СЛИЧНОСТИ:
Двете болести (КОВИД-19 и грип) може да се шират од човек на човек помеѓу луѓе кои се во близок контакт еден со друг (растојание од 1,5-2 метри). И двете болести се шират главно преку големи и мали честички кои го содржат вирусот кои се исфрлаат кога заболените кашлаат, киваат или гласно зборуваат. Овие честички можат да слетаат во устата или носот на луѓето кои се во близина и евентуално да се вдишат во белите дробови. Во некои околности, како што се затворени простори со слаба вентилација, малите честички може да се шират подалеку од 2 метри и да предизвикаат инфекции кај повеќе луѓе на поголема далечина. Иако најмногу се шири со вдишување, можно е лицето да се зарази со допир на друго лице (пример, ракување со некој што го има вирусот на рацете) или со допирање на површина или предмет што има вирус на него, а потоа допирајќи ја сопствената уста, нос или очи. За ваквите начини на ширење, потребно е заболен човек да исфрлил претходно вирусни честички на предмети или да кашлал и кивал неправилно, односно директно прекривајќи ги устата и носот со рацете. И вирусите на грип и вирусот што го предизвикува КОВИД-19 може да се пренесат на други луѓе пред заболените да почнат да покажуваат симптоми; од луѓе со многу благи симптоми; и од луѓе кај кои никогаш не се јавуваат симптоми (асимптоматски луѓе).

РАЗЛИКИ:
Иако се смета дека SARS-CoV-2 и вирусите на грип се ширaт на слични начини, SARS-CoV-2 е генерално позаразен од вирусите на грип. Исто така, забележано е дека КОВИД-19 има повеќе “суперширечки” настани отколку грип. Ова значи дека SARS-CoV-2 може брзо и лесно да се прошири на многу луѓе и да резултира со континуирано ширење меѓу луѓето како што одминува времето.

НАЗАД