Грипот и КОВИД-19 се две заразни респираторни заболувања, но предизвикани од различни вируси. КОВИД-19 е предизвикан преку инфекција со коронавирус првпат идентификуван во 2019 година (SARS-CoV-2). Грипот е предизвикан од инфекција со вирусите на грип (Influenza A, B). Од она што го знаеме, КОВИД-19 полесно се шири од грипот. Напорите за зголемување на опфатот со КОВИД-19 вакцини во Р.С. Македонија се критични за ставање крај на пандемијата. Во споредба со грипот, КОВИД-19 може да предизвика посериозна болест кај некои луѓе. Кај КОВИД-19, може да потрае подолго пред да се јават симптоми кај луѓето, а луѓето можат да останат заразни подолг временски период. Не може да се разликуваат грипот и КОВИД-19 само доколку се земаат во предвид симптомите, бидејќи во голем дел тие се преклопуваат кај овие две болести. Затоа е потребно тестирање за да се потврди дијагнозата. Тестирањето е исто така важно бидејќи може да открие дали некој има и грип и КОВИД-19 во исто време. Иако секој ден учиме сé повеќе за КОВИД-19 и вирусот што го предизвикува, сè уште има работи, како пост-КОВИД состојби (исто така познати како продолжен КОВИД), кои се непознати.