1.9.1 Дали може да добиете грип од самата вакцина против грипот?
Не, вакцината против грип не може да предизвика грип. Вакцините против грип во моментов се подготвуваат на два начина:
а) со мртви вируси (инактивирани), кои немаат способност да предизвикуваат болест, или
б) со протеини од вирусот на грип (што е случај кај рекомбинантната вакцина против грип).

1.9.2 Какви несакани реакции може да се појават по добивање на вакцина против грип?
Вакцината против грип е безбедна, се користи повеќе од 60 години. Постојат различни несакани реакции кои можат да бидат поврзани со вакцината против сезонскиот грип. Најчести несакани реакции кои се јавуваат кај 1 од 10 вакцинирани лица се:
Ако се појават реакции после вакцинацијата против грип, тие започнуваат веднаш по вакцинацијата, обично се благи и краткотрајни, и спонтано се повлекуваат за 1-3 дена. Како и со секој лек, постои ретка можност вакцината да предизвика тешка алергиска реакција. Знаците на тешка алергиска реакција може да вклучуваат: отежнато дишење, оток околу очите или усните, исип по телото, бледило, слабост, забрзана срцева работа или вртоглавица. Животозагрозувачките алергиски реакции на вакцината против грип се многу ретки. Овие знаци најверојатно би се случиле во рок од неколку минути до неколку часа по давањето на вакцината. Ако мислите дека се работи за тешка алергиска реакција јавете се на 194 (Брза помош), одете до најблиската болница или јавете се кај вашиот матичен лекар. Ако се сомневате на несакана реакција од вакцината, можете да ја пријавите во пунктот каде сте вакцинирани, кај Вашиот матичен лекар или по електронски пат на страната на МАЛМЕД (Македонската агенција за лекови и медицински средства) https://malmed.gov.mk.
НАЗАД