Вакцината против грип предизвикува создавање на антитела против вирусот на грипот (Influenza virus) околу две недели по вакцинација. Овие антитела го штитат организмот од вирусите на грип кои кружат во надворешната средина. Вакцината против грипот е најефективна кога циркулирачките вируси се исти со вирусите кои се опфатени во самата вакцина. Со оглед на тоа дека вирусите на грипот постојано мутираат, WHO Global Influenza Surveillance and Response System (GISRS) – мрежа на национални центри на грипот и Центрите за соработка на СЗО во светот, има создадено систем за надзор над циркулирачките вируси на грипот кај луѓето и два пати годишно го менува составот на вакцините согласно тоа. Затоа постои препорачана вакцина за северната и јужната хемисфера.

Се вели дека „доброто совпаѓање“ се случува кога вирусите против грипот што се користат за производство на вакцина против грип и вирусите што кружат во надворешната средина во дадена сезона на грип се слични меѓусебно така што антителата произведени со вакцинација штитат од инфекција со циркулирачки вируси. За време на сезоните кога еден или повеќе од циркулирачките вируси се различни од вирусите на вакцината, ефективноста на вакцината против различните вируси може да се намали. Важно е да се знае дека вакцината против грип штити од четири различни вируси на грип, а повеќе различни вируси обично циркулираат во текот на една сезона. Дури и ако е намалена ефикасноста на вакцината против еден вирус, вакцината сепак може да биде ефикасна во спречувањето на ширењето на грипот предизвикан од другите циркулирачки вируси. Поради овие причини, се препорачува вакцинација против грип за сите лица постари од 6 месеци, дури и ако ефективноста на вакцината против еден или повеќе вируси е намалена.

НАЗАД