Вакцината против грип го стимулира имуниот систем во организмот за создавање на соодветни антитела. Овие антитела можат да обезбедат заштита само против инфекција од оние вируси кои се присутни во вакцината. Можен е послаб имун одговор кај лица со имунидефициенција или кај лица кои примаат имуносупресивна терапија (на пр. кортикостероиди, цитотоксични лекови или радиотерапиија)

Дали вакцината против грип има ефект веднаш после апликација?
Не. Потребни се околу две недели по вакцинацијата за да се развијат антитела во телото и да се обезбеди заштита од инфекција со вирусот на грип. Затоа е најдобро да се вакцинирате пред вирусите на грип да почнат да се шират во вашата заедница.

Дали може да се разболите од грип иако сте вакцинирани против грип?
Да. Можно е да се разболите од грип дури и ако сте биле вакцинирани (иако нема да знаете со сигурност освен ако не направите тест за грип), од следниве причини:

  • Може сте биле изложени на самиот вирус непосредно пред да се вакцинирате или во периодот додека на телото му е потребно да создаде заштитни антитела по вакцинирањето. Оваа изложеност може да доведе до тоа да се разболите од грип пред вакцината да го постигне заштитниот ефект.
  • Може да бидете изложени на еден од вирусите на грипот кој не е вклучен во вакцината против сезонски грип. Постојат многу различни вируси на грип кои циркулираат секоја година. Вакцината против грип е произведена за да Ве заштити од четири вируси на грип за кои според истражувањата се добиени податоци дека ќе бидат најчести во текот на сезоната.
  • За жал, некои луѓе може да се заразат со некој од вирусите на грипот кои веќе се опфатени во вакцината, и покрај тоа што се вакцинирани. Заштитата што ја обезбедува вакцината против сезонскиот грип може да варира многу, а делумно зависи и од здравствените и возрасните фактори на лицето кое се вакцинира. Некои повозрасни лица и лица со одредени хронични заболувања може да развијат помал имунитет по вакцинацијата.
  • Некои луѓе може да се разболат од други респираторни вируси, освен грип, како што се риновирусите, кои се јавуваат во вид на обична настинка. Овие вируси можат да предизвикуваат симптоми слични на грип и можат да се шират и да предизвикувааат болест за време на сезоната на грип. Вакцините против грип штитат само од грип и неговите компликации, а не и од други болести.

Каков ефект има вакцината кај луѓето кои заболуваат а се вакцинирани против грип?
Некои луѓе кои се вакцинираат сепак може да се разболат од грип. Меѓутоа, во некои студии се покажа дека вакцинацијата против грип ја намалува тежината на болеста кај луѓето кои се вакцинираат, но сепак се разболуваат. Една спроведена студија од 2021 година покажува дека лицата вакцинирани против грип имаат 26% помал ризик од потреба за хоспитализација и 31% помал ризик од завршување со смртен исход во споредба со оние кои не биле вакцинирани.

НАЗАД