Вакцинацијата против сезонски грип во Република Северна Македонија започна на 19.10.2022, и се спроведува во Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици. Во Скопје, дополнително се отворени 3 пункта во Здравствен дом – Скопје, и тоа во Поликлиниките Идадија, Бит Пазар и Ѓорче Петров. Во Институтот за јавно здравје е отворен пункт за вакцинација на здравствени работници. Вакцинацијата е бесплатна за следните ризични групи:
Доклоку припаѓате на овие ризични групи, пријавете се на порталот www.vakcinacija.mk. По регистрацијата (пријавата), ќе добиете СМС порака на закажан термин со датум, час и пункт за вакцинација. Ве молиме почитувајте го Вашиот закажан термин! Останатите заинтересирани граѓани, кои не припаѓаат на ризичните групи, може да се вакциницираат во Центрите за јавно здравје и нивните Подрачни единици со комерцијални вакцини кои чинат 800 денари.
НАЗАД