
Секоја сезона грипот влијае на различен начин, може да се јави само со чувство на замор, а може да предизвикува и сериозна болест која завршува со смртен исход. Најдобар начин за спречување на грипот е вакцинација. Иако лицата што се вакцинирани може да заболат од грип, сепак докажано е дека вакцината против грип значително ја олеснува клиничката слика на болеста.